Почитувани клиенти,
Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на трети лица каде се користи идентитетот на Банката.
Забележано е дека одредени правни лица добиваат пораки каде како испраќач стои: Sparkasse Bank AD Skopje <saban@sevilmis.com.tr>, при што испратени се е-маил пораки до клиенти на банката со прикачен ISO фајл (.PDF.iso). Примачот се повикува да го отвори прикачениот фајл за да провери детали за наводниот прилив. Предмет на мејл пораката е: Известување за дојдовни банкарски плаќања. E-mail пораката не е потпишана со дигитален сертификат.
Шпаркасе Банка се оградува од овие пораки и апелира до сите клиенти кои ќе добијат електронска порака која не е потпишана со соодветен дигитален сертификат да не ги отвараат пораките пристигнати од oвааа маил адреса, со цел да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката за да ја верификуваат пораката.
Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје