img_02
  • 2024 4 Јануари
    Известувања Известување за “phishing“ напад

Почитувани клиенти,

Во изминатиов период се случуваат повеќекратни обиди за phishing напади каде преку SMS пораки за недоставена пратка преку Македонска пошта („погрешна адреса“ или „вратена пратка“) од примачот се бара на лажна веб страница да остави свои лични податоци и податоци за платежната картичка.

Кога примачот ќе ги внесе податоците, напаѓачите прават трансакции преку интернет со податоците од картичката.

Доколку сте кликнале на линкот од SMS пораката и сте оставиле податоци за Вашата платежна картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство поставете ги Вашите лимити за интернет плаќања на 0 мкд и веднаш јавете се на контакт центарот на Шпаркасе Банка 02/15050 за да ја блокирате картичката.

За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква SMS порака, немојте да оставате Ваши лични податоци или број на картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката.

Генерално, секогаш бидете скептични кога ќе добиете порака која не сте ја очекувале. Не отворајте линкови кои ги имате добиено преку SMS или електронска пошта, туку сами внесете ја соодветната адреса на сајтот во пребарувачот. При плаќање со ОТП код секогаш проверувaјте го износот наведен за потврда на трансакцијата.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје