img_02
  • 2024 18 Јануари
    Известувања Известување за сите физички и правни лица за ден 19.01.2024 (петок)

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти, дека 19.01.2024 (петок) ќе биде неработен ден за сите експозитури на Шпаркасе Банка.

Во насока на зголемена достапност на платежните сервиси, Шпаркасе Банка АД Скопје донесе одлука да го овозможи користењето и достапноста на дигиталните платежни канали (мобилното и електронското банкарство) за интерни плаќања како и за плаќања преку МИПС (Македонски интербанкарски платен систем). Со оваа одлука, клиентите на Банката, физички и правни лица, на 19.01.2024 (петок) ќе можат непречено да иницираат интерно плаќање кон друга платежна сметка во Банката, но и да направат плаќање кон платежна сметка во друга Банка преку избор на МИПС опцијата достапна во ПП30 и ПП50 налозите. За овие плаќања ќе важи стандардната тарифа на Банката согласно типот на плаќање.

#ВерувајВоИднината