Од денеска, во Куманово, експозитурата на Шпаркасе Банка започнува со работа на нова локација.
Новата локација на експозитурата Куманово е на адреса ул. Доне Божинов бр. 9, и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка, ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси.
За време на официјалното отварање на Новата експозитура, дел од менаџментот на Шпаркасе Банка ја повторија цврстата посветеност и стремежот Шпаркасе Банка да биде водечка Банка по исклучителен квалитет на услугите, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, истовремено поддржувајќи го развојот на локалните заедници.
Просторот на новата експозитура е во согласност со корпоративниот дизајн на Банката, опремен со еколошко одржливи материјали за одржливост и заштита на животната средина, и збогатен со сите стандарди за комфорно и безбедно работење.
Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.
Продажната мрежа на Шпаркасе Банка брои 36 експозитури на територијата на Македонија, од кои 17 се лоцирани во Скопје и 19 надвор од главниот град.