Ве известуваме дека пензиите за месец март 2024 година ќе се исплаќаат од 01.04.2024 год. (понеделник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.
Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.
Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 01.04.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.
За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје