Доколку сте постоечки клиент на Шпаркасе Банка Македонија нема промени во бројот на Вашата сметка.
Доколку сте клиент на Охридска банка АД Скопје бројот на Вашата сметка е променет. На следниот линк можете да го проверите новиот број на Вашата платежна сметка во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Од денот на присоединувањето на двете банки сметките на клиентите на Охридска банка АД Скопје ќе бидат затворени автоматски и преку нив повеќе нема да можете да вршите плаќања и да добивате нови приливи. Од Ваша страна нема потреба од дополнителен ангажман, како на пример, пренос на средства од старата на новата сметка и сл., но потребно е за новиот број на сметка навремено да го информирате вашиот работодавец, како и сите лица или ентитети кои е потребно да го имаат новиот број на сметка за трансакциите што ги очекувате непречено да се извршуваат.