img_002
  • 2021 26 Мај
    Соопштенија 49 Јавен ПОВИК за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


49то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје кое ќе се одржи на 29.06.2021 година (вторник), со почеток во 10:00 часот, во седиштето на Банката на ул.Македонија бр.34 Скопје, со следниот 


ДНЕВЕН РЕД

1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови

2. Разгледување на Записник од 48.седница на Собранието на акционери

3. Предлог Одлука за прифаќање и потврдување на Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година

4. Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Предлог текст на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

5. Предлог Одлука за зголемување на основната главнина со емисија на обични акции со право на глас од 20-та емисија заради спроведување на статусна постапка – присоеднување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка АД Скопје

6. Предлог Одлука за стекнување на сопствени акции во постапка на присоединување

7. Годишна сметка на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-30.04.2021 година, со

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Од денот на објавување на јавниот повик за учество на Собранието, во просториите на Централата на Банката, на акционерите им е овозможен увид во следните документи:

1) Спогодбата за присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во форма на нотарски акт ОДУ бр. 15/21 од 15.01.2021 година;

2) Годишните сметки и годишните извештаи за работа за Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје за 2020, 2019 и 2018 година (за последните три години);

3) Годишната сметка подготвена во согласност со членот 524 од Законот за трговските друштва;

4) Извештајот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за присоединувањето;

5) Извештајот на независниот ревизор ПрајсвотерхаусКуперсРевизија ДОО – Скопје во врска со соодносот на размена на акции при процесот на присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

 

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Централата Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на ул.Македонија бр.34 Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Георг Бухер