Soopshetie_002
  • 2021 3 Септември
    Соопштенија 50 Јавен ПОВИК за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


50то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје кое ќе се одржи на 04.10.2021 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во деловната зграда на Банката на ул. Орце Николов бр. 54 Скопје, со следниот 


ДНЕВЕН РЕД


  1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;
  2. Разгледување на Записник од 49та седница на Собранието на акционери;
  3. Информација за поднесена оставка од г-ѓа Сузана Ставриќ, независен член на Надзорен одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  4. Предлог за именување член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје;
  5. Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и усвојување на пречистен текст на Статутот
  6. Предлог за избор друштво за ревизија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2021 година

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Дирекција Генерален Секретаријат/ Служба Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на ул.Орце Николов бр.54 Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.


ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Георг Бухер