• 2021 30 Декември
    Соопштенија Нов независен член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје


И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката:

По добивање на согласност од Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија,  г-дин Горан Петревски е нов независен член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје со мандат до 16.11.2024 година.

Новоименуваниот член ќе го замени независниот член на Надзорниот одбор, г-ѓа Сузана Ставриќ, која поднесе оставка од функцијата.

Подетални информации можат да се најдат на интернет страната на Банката www.sparkasse.mk


ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје