Во новата година, со нова промотивна понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка ги фиксираше каматните стапки за станбен и потрошувачки кредит на пониско ниво, обезбедувајќи ја финансиската сигурност на клиентите.
Во рамките на новата промотивна понуда, Шпаркасе Банка ја намали и фиксира каматната стапка за Станбен кредит од 3,8% на 3,69% за првите десет години, со можност за вклучување полиса за животно осигурување, на максимален износ до 400 000 евра и без нотарски трошоци, како и на Потрошувачки кредит од 5,85% на 5,5% за целиот период на отплата којшто трае 95 месеци, на максимален износ до 1 500 000 денари, со вклучено кредитно животно осигурување.
Со промотивната понуда „Пониско, а фиксно“, Шпаркасе Банка обезбедува стабилност и финансиска предвидливост за клиентите, овозможувајќи им со сигурност да ги планираат идните трошоци или долгорочни цели. Со фиксната каматна стапка за станбен и потрошувачки кредит, Шпаркасе Банка им дава овластување на своите клиенти да се справат со економските несигурности додека градат сигурна финансиска основа.
Шпаркасе Банка посветено чекори кон обезбедување на економска сигурност за своите клиенти, стремејќи се да ги разбере и да ги задоволи нивните потреби во денешното динамично опкружување, верувајќи во подобра иднина за сите.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.
#ВерувајВоИднината